Половина од лековите продадени преку интернет се фалсификат
Објавено во: Свет 15 Март, 2013
Преку заеднички договор за дополнително финансирање на борбата против трговијата на фалсификувани лекови, Интерпол и 29 големи произведувачи на лекови ќе ги интензивираат своите напори за сузбивање на оваа појава. Според податоците на Светската здравствена организација, фалсификувани се над 50% од лековите купени преку Интернет од продавачи кои не ја откриваат својата физичка адреса.
Експертите предупредуваат дека фалсификуваните лекови се голема закана по здравјето. Се проценува дека десет отсто од сите лекови во светот се фалсификувани.