29 Март, 2024
0.0232

Помалку храна и голема сиромаштија - ова се очекува од климатските промени?

Објавено во: Агробизнис 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во следните 15 години климатските промени може да доведат до голема сиромаштија на уште 122 милиони луѓе. 

Најголем дел од овие луѓе живеат во југоисточна Азија и Африка. Во овие делови на светот земјоделците  ќе се соочат со голем пад на производството, сметаат од Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). 

ФАО предупредува дека немањето храна може да се пренесе на сите региони.

Од ФАО повикуваат на широка преобразба на системот за храна и земјоделство за да се прилагоди кон потопла клима со потенцирање на поддршка на малите производители.

Засега околу 780 милиони луѓе се гладни и тие се претежно во држави во развој. Тоа се околу 12%  од популацијата во тие краишта.

Сепак, развиените држави со начинот на производство на храна придонесуваат за загадување на животната средина, и директно влијаат на зголемена емисија на штетни гасови што е штетно. 

Македонија не е изолирана од последиците на климатските промени, голем дел од експертите апелираат на последиците кои може да ги очекуваме особено врз земјоделието, економијата и животната средина. Зголемувањето на температурите доведе до непредвидливи временски прилики. 




Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи