24 Април, 2024
0.0284

ПОМАЛКУ ПАТНИЦИ ВО ВОЗОВИТЕ: Со што најчесто се возат граѓаните?

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓаните поретко се возат во воз, за сметка на другите видови на сообраќај кои се во подем. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 1.4%, во градско-приградскиот превоз за 6.9%, во воздухопловниот превоз за 7.1%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 38.6%. 

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5.8%, во градско-приградскиот превоз за 0.5%, во железничкиот превоз за 37.0%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10.5%. 

Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 69.6%, во железничкиот превоз е намалено за 18.5%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 30.2 %. 

Во однос на четвртото тримесечје лани,  количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24.6%, во железничкиот превоз е намалено за 19.8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14.3%.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција