19 Април, 2024
0.0262

Понуда којашто не се пропушта: Апартман во Станбен комплекс Маврово од 500€ за м2!

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Со доаѓањето на летото и високите температури, многумина од нас би сакале да отидеме некаде подалеку од градот и да се опуштиме на ден-два. Во наша близина се наоѓа Националниот парк Маврово, совршената дестинација за викенд одмор која навистина има што да понуди: сино езеро, зеленило и бујна шумска вегетација. Тука, на надморска височина од 1300 метри е сместен Станбениот Комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина.


Побрзајте и обезбедете си ја својата идна викенд-дестинација, искористете ја специјалната понуда којашто не се пропушта. Одберете го Вашиот идеален апартман Б со квадратура од 32,5 м2, по неверојатна цена од 500€ за м2. Овој тип на апартман е позициониран во сутерен и не вклучува тераса. Апартман Б со својата квадратура и поволна цена, е совршен за сите оние кои бараат комодитет и свое лично прибежиште со сѐ што ви е потребно во најпосакуваната викенд-дестинација, Маврово.


Доколку сакате од вашата дневна соба да имате поглед кон езерото, тука се становите со различна квадратура по најповолна цена од 590€ за м2. Овие типови на апартмани не вклучуваат тераса, но големите прозорци ги исполнуваат просториите со дневна светлина и нудат бескраен поглед кон езерото и планините.

Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. 


Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

За повеќе информации контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59, посетете ја фејсбук страната Станбен комплекс Маврово, или веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ