Поплави во Грција - десетици домови се под вода
Објавено во: Балкан 18 Декември, 2017
Поплави има во североисточна Грција во областа на градовите Комотини и Маронија.
Десетици домови се поплавени, поради што интервенирале противпожарните служби за да ги спасат жителите.
Патот меѓу Комотини и Маронија е затворени поради надојдената вода, а сообраќајот е во прекин на локланите патишта до повеќе села во околината.
Грчките метеоролози велат дека во реонот наврнале 140 тони дожд на еден декар површина.
Оваа година Грција повеќе пати беше на удар на поплави и невреме.