29 Март, 2024
0.0424

Попоски: ОБСЕ ни помага во зацврстувањето на демократските институции

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска на дебата насловена „Развојот на демократските институции и човековите права во ЈИЕ и улогата на ОБСЕ“ во рамки на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се одржува во Скопје, потстети дека ОБСЕ е присутен во земјата уште од независноста и ни помага во зацврствувањето на нашите демократски институции, и дека постои соработка на многу важни прашања како изборното законодавство, набљудувањето на изборите.

- Активностите на ОБСЕ во земјата во континуитет се имплементираат преку заеднички програми во функција на клучните државни приоритети. На овој начин ги поттикнуваме реформските процеси истовремено исполнувајќи ја европската агенда, истакна Попоски во неговото обраќање.

Тој како особено важна ја истакна улогата на ОДИХР во мониторингот на изборните циклуси, години наназад, но и изборни циклуси што допрва следуваат.

ЕУ интеграцијата се покажа како поттик за неверојатна ефективност во одржување на напредокот кој што беше постигнат во Западен Балкан

изминативе две децении. Овој регион бара внимание од меѓународната заедница и заслужува да биде охрабрен дека ЕУ­перспективите се уште се живи. Ова го истакна пак Роберто Батели потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ. 

- Не смее да се заборави дека Западниот Балкан само што ја доживеа најголемата миграциска криза уште од 1945 година. Ова само по себе сведочи за предизвиците со кои се соочува регионот. Напредокот не може да се одржи ниту пак може да биде цементиран доколку ЕУ ­ перспективата се разводни или регионално се гледа како разнишана. Според мене, уназадувањето кое што го гледаме е симптоматично за овој увид. Сметам дека Самитот за ЗБ одржан во Париз на 3 и 4 јули беше насочен токму кон охрабрување на регионот дека

перспективата за ЕУ интеграција сеуште е жива и покрај Брегзит. Тоа ни е потребно за да се избегне регионално назадување, оцени Батели.

Во рамките на денешната сесија ќе се одржи и тркалезна маса со шефовите на мисиите на ОБСЕ во Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и во Србија. Конференцијата завршува утре.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница