ПОПУШТИЈА И НАЈГЛАСНИТЕ: Даночната реформа на Трамп на пат да биде прифатена
Објавено во: Свет 16 Декември, 2017
Сенаторите Марко Рубио и Боб Коркер објавија дека ќе гласаат позитивно во финалнoto гласaње за даночната реформа на Доналд Трамп, објави АФП.
Ова значи дека реформите ќе бидат усвоени, бидејќи двата сенатори досега се колебаа, па дури и се заканија дека нема да го поддржат предлогот на Трамп.
Претставничкиот дом и Сенатот ја усвоија својата верзија на реформата во ноември и декември соодветно.
Билатералната комисија беше назначена за обединување на двата проекти и објави нејзин компромис минатата ноќ. Конечното гласање ќе се одржи посебно на почетокот на следната недела.
Федералниот данок на компаниите ќе се намали од 35% на 21%, наместо од 20%, како што е предложено во претходните верзии. Максималниот данок на доход ќе се намали од 39,6% на 37%.
Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, рече дека е постигнат компромис за вредноста на даночниот кредит за семејствата за секое од нивните деца - тој ќе се удвои од 1.000 до 2.000 долари.