Поради иселувањето ќе им требаат 100.000 работници
Објавено во: Балкан 14 Март, 2017
Поради иселувањето до 2040 година во Србија ќе им требаат 100.000 работници.
Во земјата поради одливот на кадри и поради слабиот наталитет, ќе им се намали бројот на работоспособни луѓе.
Бројот на невработени лица ќе биде 369.200 во 2025 година, а во 2033 година ќе падне под 100.000.
Во 2020 година стапката на невработеност ќе биде 11.5%, а во 2027 година само 6%.
Динамичниот економски раст според прогнозите ќе зависи од квалитетот и квантитетот на работна сила и образованието.
Се смета дека како превентира на овој демографски пад, ќе треба да се скрати студирањето и да се сменат и образовните програми.
Ваков проблем ќе има и Германија иако е развиена земја и затоа ги прифаќа мигрантите.