Дел од Центар нема парно - БЕГ забрзано работи на санација
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017
Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата Исток што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење.
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и забрзано работат на саниција на проблемот. Според проценката се очекува во најбрз рок, за 2 часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200