25 Април, 2024
0.0276

ПОРАКА ОД ЕВРОПА: Лидерите од Западен Балкан да не си играат со оган

Објавено во: Балкан 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европската Унија им порача на лидерите на Западниот Балкан да „престанат да си играат со оган“, објави Ројтерс.

Пораката до нив е да ги остават на страна своите политички кавги за да ја искористат обновената загриженост на европскиот блок за регионот.

Европскиот комесар за проширување,  Јоханес Хан зборуваше на самитот на шесте балкански земји кои сакаат да влезат во ЕУ, но се загрижени поради отпорот на некои држави членки поради приемот на кои било екс-комунистички земји од Источна Европа.

Идејата за членство во ЕУ со години е движечка сила на реформите на Балканот, по 10-годишниот период на војни и немири во 1990-тите.

По одлуката на Британија да го напушти европскиот сојуз, дојде до пораст на десничарскиот популизам и развој на дебатата за иднината на ЕУ, а проширувањето на блокот падна на последно место, наведува Ројтерс. 

Аналитичарите и дипломатите тврдат дека тоа ја ослабело моќта на ЕУ на Балканот, главно сиромашен регион каде се присутни меѓуетнички тензии, корупција и загрижувачко придвижување кон авторитаризмот. 

Западот смета дека Русија ја користи ваквата ситуација во своја корист, создавајќи сојузи и влошувајќи ги тензиите.

По минатонеделниот самит на ЕУ, на кој блокот повтори дека е посветен на „европската перспектива“ на Балканот, Хан во Сараево се сретна со премиерите Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово.

Хан алудираше на Русија кога кажа дека постои „ниво на влијание од истокот без преседан“ и изјави дека политиката на претседателот на САД кон Балканот и понатаму е нејасна.

Самитот, кој го организираа БиХ и ЕУ, се фокусираше на економската соработка и инфраструктурните проекти во регионот. Агенцијата Ројтерс укажува дека се разговарало за можно формирање регионален пазар во кој се вклучени 20 милиони луѓе.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)