ПОРАКА ОД ХРВАТСКА: Нема „прелевање“ пари во Агрокор
Објавено во: Балкан 20 Април, 2017
Компанијата Агрокор во регионот работи редовно и хрватското министерство за економија од соседните земји очекува да им се овозможи нормално функционирање, порачува потпретседателката на Владата на Хрватска и министерка за економија Мартина Далиќ.
„Компаниите на Агрокор во регионот работат редовно и не ги зафати криза во работата која доведе до отворање постапка на вонредна управа во Агрокор д.д. и поврзаните друштва во Хрватска.
Како компаниите во сопственост на Агрокор во регионот ги плаќаат своите обврски кон државите во кои работат, осигуруваат вработеност, и грижа за добавувачи, очекуваме и ние нормално работење да се овозможи и понатаму“, се вели во изјавата на Мартина Далиќ, која ја објави нејзиното министерство.
Далиќ истакнува како неодамна е одржана седница на Надзорниот одбор на друштвото Меркатор во Словенија, кое е сопственик на Меркатор во Србија и Црна Гора, „недвосмислено потврдила дека помеѓу овие компании и Агрокор во Хрватска немало никакви работи кои би укажувале на прелевање на средства во Хрватска“.
„Министерството од соседните земји очекува сопствеништвото на сите компании на Агрокор во регионот да се почитува, како што и Владата на Хрватска го почитувала при воведување на вонредна управа во хрватскиот дел од концернот на Агрокор“.
Заштитата на работни места и добавувачи низ процесот на реструктурирања, стабилизација на работата и постигнување на договор за наплата на доверителите се во фокус на вонредната управа и Министерството очекува примена на овој принцип за добра работа на сите друштва во концерните на Агрокор“, нагласува Мартина Далиќ.
Инаку, во Белград вчера е одржан состанок на министрите за трговија и економија на Србија, Словенија, Црна Гора и БиХ, на кој се анализирала состојбата настаната со кризата на концернот на Агрокор.