18 Април, 2024
0.0267

Поранешните новинари го прашуваат Керим каде се парите од МПМ

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешните вработени во „Медиа принт Македонија“ и „Медиа принт“, кои ги издаваа дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“, во отворено писмо побараа одговор за причините за згаснувањето на медуимите од првите луѓе на фирмите, Срѓан Керим и Јана Станисављева, како и за тоа кога ќе им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси. Во продолжение следи отвореното писмо до медиумите:

Каде се парите на новинарите од МПМ и МП?

Ние, поранешните вработени во пропаднатата фирма во ликвидација „Медиа принт“ и на ограбената медиумска компанија со матен статус „Медиа принт Македонија“ ги прашуваме Срѓан Керим и Јана Станисављева каде се нашите пари?


Овие две личности, нивниот доскорешен партнер Орце Камчев, како и Александар Динев, на вработените во МП, МПМ, Графички центар и во „Телеграф“ им должат по две до три неисплатени плати и придонеси, но пред се, им должат одговори на многу прашања.

Дали Керим неколку месеци по уништувањето и згаснувањето на дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“ не чувствува трошка срам што 400 луѓе заради него останаа без работа, па се појавува пред народ во Штип за да говори за значењето на претседателот Киро Глигоров? Заборава ли на неговото лично негативно значење и заборава ли дека треба прво да се раздолжи ако мисли да се факторизира во јавноста? Си помислува ли дека историјата ќе го запише како лик кој сакаше да управува со светот преку лидерство во ООН, а само успеа да стане гробар на најквалитетните весници во Македонија?

Мисли ли Керим дека времето кога се криеше од новинарите кои штрајкуваа за плати поминало, дека се е заборавено, па сега пак ќе се перчи? За нас тој е обичен измамник и лицемер кој уживаше да повторува како главна водилка во работата му се нашите деца, за чии родители неговата компанија обезбедува стабилност и плата, а всушност излезе дека го водела само алчноста за лично богатење. Дегутантно ни е да го гледаме како говори во јавноста додека неговите акти резултираа со лични трагедии меѓу вработените. Тој прво треба да каже каде се весниците и каде се нашите пари пред да зборува што било друго.

Станисављева мирно ли спие откако со платата од 25.000 евра месечно си обезбеди егзистенција за неколку децении, а вработените останаа на улица и без леб? Се чувствува ли за успешна менаџерка откако профитабилната компанија пропадна под нејзин потпис? Трча ли пак со километри од стрес, како што сакаше да лаже? Или во „животот после МПМ“ не мора да намалува плати додека дава донации од 300.000 евра на партијата на власт, не мора да става обезбедување да ја чува од доверители на кои им должи пари и не мора се заканува со пикадо на вработените што се интересираат кога ќе земат плата? Уште ли прашува наоколу „знаете ли која сум јас“ или си молчи откако „се прослави“ со згаснати пет медиуми?

Керим и Станисављева не ни мора нам да ни одговарат на овие прашања. Нека си одговорат пред надлежните институции во МВР и Обвинителство, пред кои уште во јуни годинава новинарскиот синдикат им поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, затоа што како сопственик и директор свесно и со умисла го намалувале имотот на компанијата со цел изданијата да згаснат.

Ние само ги бараме нашите плати и ќе продолжиме да ги прашуваме двајцава бизнисмени, исто како и најбогатиот Балканец Камчев кој ем делел по 25.000 евра месечно ем должи ситни плати, исто како и директорот на несреќната МП, Александар Динев - каде се парите?

Апелираме до надлежните што поскоро да го испитаат моментниот статус на фирмите МПМ и на МП, а личностиве ги повикуваме да се раздолжат со вработените и да ги продадат брендовите кои немилосрдно ги уништија.

Поранешни вработени во МПМ и МП

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто