Португалија повторно гори
Објавено во: Свет 24 Јули, 2017
По катастрофалните пожари кои одзедоа 70 животи Португалија повторно гори, а за справување со новите шумски пожари кои избија се ангажирани околу 2 илјади пожарникари.
Најголемиот пожар е во близина на градот Серте, а според извештаите на португалската тепевизија во напорите за гаснење се вклучија и локалните жители, кои за таа цел употребија градинарски црева.
„Ветерот силно дува и ја отежнува борбата против пожарите, кои би можеле да се прошират“, изјави портпаролката на Цивилната заштита, Патрициа Гаспар, која ги повика жителите да останат мирни.
Повеќе од 800 пожарникари се распоредени ширум областа Серта, додека речиси 600 други се обидуваат да се изборат со огнената стихија, која изби вчера во близина на градот на брегот на реката Коимбре.