29 Март, 2024
0.0236

Посета на „Тигрите“ му донесе тешки обвинувања на ДУИ

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во албанскиот политички блок во Македонија се води многу пожестока битка помеѓу двете најсилни струи, односно меѓу коалицијата БЕСА и Алијанса за Албанците и ДУИ. Најнови тактики на коалицијата против Ахмети е да се прикаже како „слуга“ на СДСМ и дека се покорил на нивните политики без притоа да кажат дека Села, Таравари, Касами и останатите или се дел од Владата или се дел од мнозинството во Собранието и заеднички носат одлуки со премиерот Заев. 

Најнов „скандал“ според приврзаниците на коалицијата меѓу БЕСА и Алијансата е посетата на заменик министерот Нухуу кој заедно со повеќе високи полициски функционери Албанци го посетија музејот на паднатите борци на специјалната полициска единица „Тигри“. 

Нихиу и полициските функционери кои се дел од ДУИ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посетија музејот па токму тоа за тврдокорните Албанци било голем проблем и наводно предавање на идеалите на УЧК кои Ахмет дал завет дека ќе ги застапува.

Тешки небулози и ширење на безобразен национализам, па дури се споменува и Диво Насеље каде учествуваа Тигрите. Да ги потсетимеа албанските националисти дека таму загинаа 9 припадници на МВР од кои не сите беа членови на специјалната единица и не сите беа етнички Македонци, но очигледно во екот на кампањата може да се спуштат сите стандарди и да се употребат сите ниски удари за дискредитација на политичкиот противник.

Нихиу исто така да потсетиме дека беше еден од клучните актери кој на Крвавиот четврток со група на специјалци од кои голем дел и од „Тигрите“ кои му одговорија на неговата команда, а не на Митко Чавков шефот на оперативниот штаб, успеа да издејствува полициска акција за евакуација на нападнатите и повредени пратеници и новинари и да спречи поголемо крвопролевање, но очигледно националистите го заборавија овој факт за екс министерот и актуелен заменик министер за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот