20 Април, 2024
0.0305

Последните светла на елката: Како изгледа Скопје после бурните празнични денови (Фотографирано со Samsung Galaxy S8+ )

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Развревените дедомразовци и нивните санки со памук наместо снег одамна се заминати, продавачите на новогодишни ракотворби исто така ги нема, а вовчето коешто кружеше низ плоштадот, стои паркирано покрај камениот мост. Единствено елката, стои исправено и со своите лампиони се обидува да ги привлече минувачите.

Но, и на неа не ѝ оди најдобро во „намерите“ за одржување на празничната атмосфера. Луѓето веќе се уморија од бурните неработни денови и секој тивко, со наведната глава и со задлабочени мисли поминува низ плоштадот, без да застане покрај последните украси во центарот на градот.

Таква е сликата за Скопје послесите можни верски и државни празници што ни се изредија околу Божик, Нова година, Водици. Вревата во кафулињата исто така замре за миг, а на плоштадот речиси и да нема никој поради студот што повторно стегна.

Само овде-онде, по некоја продавница или ресторан сè уште блеска од сијаличките со кои се покриени стаклените излози. На дел од нив, наместо дедомразовци, елки и украси веќе почнаа да се појавуваат и очекуваните постновогодишни попусти.

Некои од трговците одат до таму што се фалат дека цените им се спуштени и повеќе од педесет отсто. Но, како што вообичаено се случува кај нас, не секогаш овие попусти се реални, какви што би требало да бидат во постпразничниот период.

Со крајот на овој месец, во кој сите добро се истрошија, врвулицата во градот повторно ќе се врати, кафулињата и рестораните ќе се наполнат, па во центарот и во старата скопска чаршија ќе завладее нова енергија во очекување на првите пролетни денови.

Таков е пулсот на нашиот главен град, којшто го фотографиравме со мобилен телефон. Овојпат тоа го направивме со еден од најбараните модели од семејството „галакси“ на „Самсунг“. Тоа е моделот „Galaxy S8+“.

Телефонот одлично се покажа во фотографирањето додека надвор е доста ладно и кога веќе солидно е стемнето. Неговата задна камера, која фотографира во висока резолуција, одлично ни го претстави вечерното расположение низ темните скопски улички.

Притоа, при обидот за фотографирање, „Галакси С8+“ со своите 6,2 инчи во дијаметар и со заоблени странични рабови овозможува неверојатна прегледност на сцената која сакате да ја зачувате засекогаш. Доколку сте љубител на градските пејсажи и “ловењето“ на атмосферата низ градовите, понесете го со вас „галакси С8+“. Со овој уред вашите фотографии идентично ќе ги претстават пејсажите кои ги гледате вие.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган