25 Април, 2024
0.0269

Еуролинк осигурување слави 15-годишен јубилеј

Посветени на подобрување на животите на граѓаните и бизнисите во Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, Еуролинк Осигурување го слави својот 15-ти роденден. Пред точно 15 години, акционерското друштво Еуролинк осигурување  започна да работи  како green field инвестиција во областа на неживотно осигурување. По 15 години компанијата прераснува во една од трите прворангирани осигурителни компании во Македонија,  нудејќи им на граѓаните и бизниситеквалитетни осигурителни решенија,се докажакако лидер во иновациите на осигурителниот пазар, а за вработените претставува добар работодавач обезбедувајќи им сигурност и континуиран професионален развој.  Над сѐ,  компанијата  активно придонесува за добробит на заедницата вложувајќи во образованието, уметноста и културата во Република Македонија.

Веќе 15 години компанијата поставува стандарди во работењето преку поедноставување на продуктите и услугите правејќи ги разбирливи и достапни до секој, работи на едукација на јавноста за бенефитите од осигурувањето, а преку ценовната достапноста навлегува во домовите и бизниси дефинирајќи се како животен партнер кај речиси половина милион клиенти. Особено популарни се пакетите за станбено осигурување - Доми Комплет, пакетите за  бизнисите - Бизнис Комплет и за осигурување од професионална одговорност - Смарт Чојс како и најновиот продукт за приватно здравствено осигурување наменет за семејствата во Република Македонија кој им обезбедува квалитетна здравствена заштита во приватните клиники во државата и надвор од неа.

Достапноста до клиентитеЕуролинк осигурување ја овозможува со 40 сопствени продажни места низ Републиката, со продажна мрежа од над 140 професионалци, со 24-часовна поддршка преку центарот за поддршка “Еуролинк 24”, веб продавницата за онлајн полиси и првата и единствена мобилната апликација Eurolink Osiguruvanje со што услугите на компанијата се достапни на клиентите и кога се во движење. 

Како резултат на сè поголемата препознатливост на компанијата, македонската јавност го избра Еуролинк Осигурување за Супер бренд на 2013/2014 година и повторно за 2015/2016 година. 

Еуролинк ја започнува својата приказна со годишна бруто полисирана премија од околу 90 милиони денари во 2003 година и пазарно учество од нешто помалку од 2% и тоа во услови на постоење на 6 осигурителни друштва на пазарот, а оваа година ќе забележи за 10 пати зголемена премија од тогаш или околу 900 милиони денари. Со тоа, Еуролинк очекува да се издигне на втората пазарна позиција со учество од околу 12%, на пазарот кој сега е сочинет од 11 осигурителни друштва, од кои само пет бележат поединечно учество од над 10%. Ваквиот развој е остварен со стабилен раст на бруто полисираната премија, кој во изминативе 10 години во просек изнесува околу 8% годишно, а истиот се очекува и за оваа година.

Резултатите  покажуваат дека Еуролинк со години го држи приматот на лидер во класата осигурување од професионална одговорност со највисоко пазарно учество од 26% на ниво на оваа класа, а минатата година стана и лидер во продажба на осигурување од незгода со 18% учество на пазарот. Дополнително, друштвото ја имаше и втората пазарна позиција во продажба на осигурување од пожар (со 18% удел), здравствено осигурување (26% удел), осигурување од одговорност за воздухоплови (30%), како и каско за воздухоплови (13%).

Еуролинк осигурување особено вложува во заедницата во која живее и работи. Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ компанијата е активен чинител и поддржувач на образованието, уметноста и културното живеење во Република Македонија. Во последните години, преку поддршка на еминентни национални установи, фестивали и со над 20-тина самостојно организирани активности компанијата допира до најмалите, се грижи и ги мотивира студентите и активно се вклучува во промоција и заштита на националното историско културно и уметничко наследство.  Во изминатите години само преку спонзорства и донации компанијата има вложено над 50 милиони денари.

Како и изминатите 15 години и во иднинатимот на Еуролинк останува посветен кон подобрување на живеењето и создавање на посреќно и посигурно општество, како преку сите сегашни и идни иновативни продукти, така и преку активно вклучување во заедницата. Повеќе информации за Еуролинк осигурување и за продуктите се достапни на веб страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка