18 Април, 2024
0.0262

Потпишан договор за државна поддршка со групацијата ВИК – почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во Владата на Република Македонија денеска е потпишан договор за државна помош со германската компанија ВИКГруп, која во ТИРЗ-Прилеп гради фабрика за производство на мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Договорот во име на Владата го потпиша министерката без ресор задолжена за странски инвестицииЗорица Апостолска, а во име на инвеститорот, сопственикот на групацијата ВИК, Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија Хелмут Румлер.

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, истaкна дека станува збор за договор со кој, во согласност со Законот за ТИРЗ, се овозможуваат даночни и царински олеснувања за компанија и дека бизнис планот на компанијата соодвествува со критериумите и мерките определени во Планот за економски раст. Со тоа компанијата ќе има можност да користи државна поддршка по Планот за економски раст со што се отвораат можности за дополнителни инвестиции и нејзин развој.

„Со тоа што компании од високо развиените западни земји доаѓааат во Македонија се покажува посветеноста на Владата кон привлекување на нови инвеститори, на кои сме подготвени да им излеземе во пресрет. Особено сум задоволен што компанијата покажува подготвеност да соработува со македонското стопанство ишто веќе се во потрага на добавувачи од  Република Македонија. Владата ќе остане посветена на овозможување на добри услови за работа на компаниите и за таа цела веќе е распишан тендер за изградба на приклучен пат кон зоната во Прилеп“, подвлече вицепремиерот Анѓушев.


Министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, информираше дека станува збор за почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места, со план во наредните пет години инвестицијата да достигне вредност од околу 12 милиони евра и вкупно илјада нови работни места.

„Оваа инвестиција ќе придонесе за севкупниот економски раст во Република Македонија, со посебен инпут во локалниот економски просперитет на градот Прилеп и неговата околината. Компанијата со своето работење ќе овозможи намалување на невработеноста во овој регион, ќе обезбеди вложување во човечкиот капитал преку обуки и трансфер на знаење, што ќе резултира со зголемување на квалитетот на работната сила. Потенцијалите се отворени и за поттикнување на развојот на домашните компании преку воспоставување на деловна соработка со домашни добавувачи“, додаде министерката Апостолска.

Сопственикот на ВИК Христоф Дерн го изрази задоволството од соработката со Владата и другите институции со кои се во контакт и потенцираше дека плановите на Владата за поддршка на стопанството се во согласност со стратешките приоритети на компанијата.

„Ја поздравуваме економската програма на Владата за поддршка на стопанството, која е во согласност со стратешкиот приоритет на ВИК да се развива локалниот пазар. Од клучно значење за нашиот успех ќе биде локално да се снабдуваме со производи и работна сила, за да придонесеме за развојот на економијата на Република Македонија“, потенцираше Дерн.

Компанијата ВИК најави дека како општествено одговорна компанија, дел од производството ќе функционира на енергија од соларни извори, со што ќе дадат придонес кон заштитата на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден