20 Април, 2024
0.0282

Потпишете петиција за продолжување на програмите за намалување на штети од дроги

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението на граѓани, ХОПС, како дел од меѓународната кампања Support. Don’t Punish. (Подржи не казнувај) спроведува потпишување петиција за финансирање на програмите за намалување на штети од буџетот на Република Македонија. Петицијата може да се потпишe денеска  27 јуни (вторник), од 10 до 18 часот на централниот градски плоштад „Македонија“, а истовремено е достапна и за онлајн потпишување на линкот.

Вклучувањето и поддршката на кампањата и нејзините цели, може да се изрази дополнително со фотографирање со логото на кампањата Support. Don’t Punish. Кое може да се најде на линкот а фотографиите да се споделат на социјалните мрежи со хаштаг #SupportDontPunish како и #спасиживоти и на следнава електронска пошта campaign@idpc.net“.

„Програмите за намалување на штети од употребата на дроги се исклучително важни од повеќе аспекти и ги сведуваат на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги. Досегашното нивно спроведување доведе до само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години во Македонија, а помалку од 5 отсто од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Исто така, непостоењето на програмите е сериозна закана за јавното здравје, особено што се однесува на ХИВ и на хепатит Ц и има финансиски импликации. Според пресметките, трошокот за еден клиент во програмите за намалување штети изнесува приближно 155 евра годишно. Наспроти ова, трошокот само за лекови за еден пациент заболен од хепатит Ц изнесува и до 13.194 евра“, изјавуваат од ХОПС.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Од министерството за здравство најавија дека заеднички ќе се работи на изнаоѓање системски решенија во оваа област.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/hops.org/ или на веб сајтот http://www.kampanja.hops.org.mk/


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга