20 Април, 2024
0.0249

Потрага по вистинско богатство

Објавено во: Стил 04 Април, 2013

Добивај вести на Viber

За да ги поттикне сограѓаните да го истражат светот околу себе и да се „одлепат од компјутерот“, Американецот Форест Фен закопа богатсво вредно неколку милиони долари и за тоа напиша песна. Златни парички, дијаманти и смарагди го „чекаат“ најупорниот трагач некаде во близина на Санта Фе.

Богатството, според зборовите од песничката на американскиот милтимилионер, е закопано пред три години и тоа во близина на Санта Фе, во американската сојузна држава Ново Мексико.

Фен има рак на бубрезите, па поради тоа одлучи да ја отвори сезоната на лов на богатството.

Сандаокот, каде се златото, дијамантите и смарагдите, го закопал, бидејќи се надева дека на тој начин ќе ги натера сограѓаните да се тргнат од компјутерите и телевизорите.

- Изнесете го детето надвор, однесете го на риболов, одалечете го од компјутерот, порачува 82-годишниот Фен.

Тој добил речиси 7.500 пораки, во кои некои му заблагодаруваат, други го прашуваат за упатства за да го пронајдат богатството. Инаку, во текот на животот, Форест и самиот бил трагач по богатство.

- Голем дел од мене се наоѓа во тој сандак со богатство. Чувствував како нешто излегува од мене, додека го затворав, рече Фен.

На Фејсбук е отворена страница за потрагата по богатството на Фен.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган