26 Мај, 2017
0.1164

Чингаровска: Потребна е интеграција на регулаторите во небанкарскиот сектор

Објавено во: Економија 21 Април, 2017

Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска во обракањето на 18 конференција на Македонска берза рече: 

- Во денешни услови на значајно променети глобални финансиски пазари како резултат на регулаторни реформи и технолошки и пазарни иновации, свесни сме дека мора да се напуштат конзервативните пристапи за развој на малите пазари на капитал и да се прифатат модели кои ги бараат актуелните состојби и финансиско опкружување. Со цел имплементирање унифицирани стандарди за супервизија на целиот небанкарски финансиски сектор, намалување на ризиците за арбитрерно одлучување, подобар и појасен преглед врз управување со ризиците и зголемување на транспарентноста и одговорноста, можеби е време да се размисли за идејата за создавање на ефикасен и ефективен регулатор во небанкарскиот сектор, преку интеграција на регулаторите во областа на пазарот на хартии од вредност, осигурувањето и пензиските фондови. 

Интегрираниот регулатор од цел сама по себе може да се претвори во основен креатор и генератор на раздвижувањето на македонскиот пазар на капитал, преку низа на мерки и активности кои многу полесно би се преземале, за разлика од постојната состојба на повеќе регулаторни тела. Сите ние делиме иста судбина, сите сакаме подобра иднина на пазарот на хартии од вредност, сите работиме за неговиот просперитет и развој, и токму заради тоа во овој период сите ние треба да се обединиме околу заедничката идеја- конкурентен, атрактивен, ефикасен и ефективен пазар на хартии од вредност кој ќе може да држи чекор со поразвиени пазари од регионот и ќе биде еден од моторите на придвижување на националната економија. 

- Ако сакаш да ја подобриш организацијата, мора да се подобриш себеси и организацијата ќе расте заедно со тебе, заклучи Чингаровска.

Можеби ќе ве интересира

Прилепска пиварница ќе се бори со милионската казна на КЗК

Прилепска пиварница ќе се бори со милионската казна на КЗК

(ФОТО+ВИДЕО) ЗАРАБОТУВА ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Има два совети за сите луѓе

(ФОТО+ВИДЕО) ЗАРАБОТУВА ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Има два совети за сите луѓе

„Лукоил“ го продаде дијамантскиот бизнис за 1.45 милијарди долари

„Лукоил“ го продаде дијамантскиот бизнис за 1.45 милијарди долари

МОН вработува наставник кој ќе ги учи децата македонски јазик во Шведска-плата 1880 евра

МОН вработува наставник кој ќе ги учи децата македонски јазик во Шведска-плата 1880 евра

Судска одлука за привремено „замрзнување“ на дел од имотот на Скопски пазар

Судска одлука за привремено „замрзнување“ на дел од имотот на Скопски пазар

ПЕТИЦИЈА ВО СЛОВАЧКА: Не сакаат српски работници

ПЕТИЦИЈА ВО СЛОВАЧКА: Не сакаат српски работници

Сакале или не, сите ќе мора да го воведат еврото

Сакале или не, сите ќе мора да го воведат еврото

Erste Card Club: Корисниците на Diners во Македонија се сигурни, ситуацијата во Србија се решава

Erste Card Club: Корисниците на Diners во Македонија се сигурни, ситуацијата во Србија се решава

Ништо не помага-нафтата повторно падна

Ништо не помага-нафтата повторно падна