25 Април, 2024
0.0286

Потрошувачите да ги читаат декларациите кога купуваат храна

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите се уште се најчестите поплаки на потрошувачите по пазарењето. Сепак, тие мора да посветат поголемо внимание кога го прават изборот иако притоа, особено е значајна и одговорноста на трговците во малопродажната мрежа зашто стојат зад понудата.

Ова беше речено на денешната конференција во Тетово по повод почетокот на кампањата „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“.

Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, минатата година се доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на пренрамбрените производи. Притоа во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната се преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.

Рунтевски и директорката на Организацијата на потрошувачи на Македонија Маријана Лончар ја нагласија потреабата од поголема информираност и едукација на граѓаните кога станува збор за храната.

- За таа цел ќе организираме трибини во девет градови низ Македонија. Изготвени се и соодветни брошури со сите неопходни информации за безбедноста на храната. Ќе бидат посетени и повеќе маркети низ државата за на терен да се сретнеме со потрошувачите, да го чуеме нивното мислење и да видиме колку во продажната мрежа трговците се придржуваат кон Законот за безбедност на храната, рече Рунтевски.

Целта на кампањата е потрошувачите да се информираат за безбедноста на храната, означувањето на адитивите, ГМО, алергените, нутритивните состојки.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет