19 Април, 2024
0.0310

Потврден рејтингот на ПроКредит Банка, Фич ја оцени со ББ+

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка „ББ+“, соопштија денеска од Банката.

Оттаму велат дека индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните бизнис резултати на банката меѓу кои квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност,  високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база.

„Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера резултатот е потврда на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза на што како германска банка се темели нашето работење. Во услови кога бележиме раст на кредитирањето на бизнисите за изминатата година, во предизвикувачки економски услови, да се добие оцена на работењето од независна меѓународна институција и да се одржува добриот рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција“, изјави Јованка Јолеска-Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.

Од Банката велат и дека дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од акционерите, пред се од страна на ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија со седиште во Франкфурт Германија.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ