Повеќе балкански градови во трка за европска дестинација 2017
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2017
За титулата „Европска дестинација за 2017 година" се натпреваруваат повеќе градови.
Меѓу нив има и градови од неколку балкански земји.
Во трка се Созопол, Милано, Брисел, Сан Себастијан, Рим, Париз, Барселона, Берлин, Виена, Порто, Атина, Нови Сад, Загреб, Ротердам, Гданск, Базел, Прага, Брисел, Мадрид, Амстердам, Вилд Таига, Стари Град, Бонифацио.
Победниците ќе бидат прогласени по онлајн гласање, кое веќе е во тек. Секој корисник на туристички услуги има можност да го даде својот глас на интернет платформата на European Best Destinations до 10 февруари 2017 година за најпосакуваната номинирана дестинација. .