24 Април, 2024
0.4244

Заваровалница Триглав и 37-та Триглав генерација на Планица

Повеќе од 3.500 деца на Планица

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Вчера во Планица пристигнаа најдобрите ски-скокачи на светот, да ги одмерат своите квалитети и да се обидат да се квалификуваат во финалето на светското првенство за скијачки скокови. За нив, од подножјето на скокалницата, која што се наоѓа на ридот „Браќа Горишек“, ќе навиваат повеќе од 3,500 деца, родители и наставници. Ова е 37-ма година по ред кога најголемата осигурителна компанија во Словенија и регионот им овозможува на младите генерации да уживаат во еден од најголемите спортски настани во Словенија.

Долината под Понца е традиционалнофинале на натпреварувачката сезона во скијачките скокови, со индивидуални настапи во петок и недела и тимско натпреварување во сабота. Веќе половина век скоковите на Планица ги поддржува Заваровалница Триглав, којашто и оваа година е Златен спонзор на Планица 2017. Повеќе од 30 години, четврток е денот кога се одвиваат квалификациите, наменети за децата од цела Словенија. Оваа година таму веќе пристигна 37-мата Триглав генерација.

Незаборавен ден во природа

На годинашнитеквалификации, најголемата словенечка осигурителна компанија донесе повеќе од 3,500 деца од основните училишта,згрижени деца,  нивните учители, негуватели и родители, какои 12 големи семејства. Од 1981 година до денес на Планица присуствувале повеќе од 90.000 деца со придружби. “Спортскиот празник на Планица, тешко можеме да го замислиме без Заваровалница Триглав. На овој значаен национален настан сме посветени од далечната 1969 година и на симболичен начин настанот ја отсликува поврзаноста на нашата осигурителна компанија со осигурениците. Со речиси 70 автобуси, коишто ги доведоа младите навивачи на овој легендарен настан, повторно ја докажуваме нашата одговорност кон средината, во којашто делуваме – овозможуваме следење во живо на спортскиот спектакл за деца од различни социјални средини, им овозможуваме незаборавно доживување во природата и дружење со врсници. На тој начин ги инспирираме и за спорт и за здрав начин на живот“, изјави Тадеј Чароли, член на управата на Заваровалница Триглав.

Единствена атмосфера во долината под Понца

Минатогодишниот победник на светското првенство Петер Превц, кој заедно  со браќата Цене и Домен се спонзорирани од Заваровалница Триглав, истакна дека огромната скокалница, словенечките навивачи и скоковите во домашна атмосфера во долината под Понца даваат посебен печат.„Чувството е посебно кога под себе слушаш жагор од домашни навивачи и пред нив слетуваш. Најемоционален ден е четврток, кога Заваровалница Триглав на Планица носи голем број деца. Уживаш кога ќе видиш толку многу возбудени лица и радост при следењето на скоковите. Многумина од нив, на друг начин, не би можеле да ја видат Планиц“, рече Превц.

Предвиди ја должината на летот

Покрај скокачите, на денот на квалификациите за забава на децата се погрижи и омилениот музичар Златко. За здрава атмосфера, во текот на сите четири дена од финалното светскопрвенство на скијачки скокови се грижи институтот Се ќе биде во ред на Заваровалница Триглав, којшто со акцијата 40 дена без алкохол и Валом 202 веќе втора година по ред ги повикува посетителите кон умерено пиење, односно одрекување од алкохол и овозможува доброволно користење на алкотестови.

Сите гледачи – учесници на Планица и пред сѐ оние, кои настанот ќе го следат пред малите екрани – годинава можат да ги доживеат скоковите и на малку поинаков начин, благодарение на мобилна апликација Triglav Rekord. Учествувајте во креирањето на традиционалниот светски настан во долината под Понца, предвидете ја должината на летот на скокачите и ќе имате можност за добивање на привлечни награди.

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!