18 Април, 2024
0.0231

ПОВЕЌЕ ОД БИЛО КОГА: Балканците ја „градат“ Германија

Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Работниците од Балканот масовно заминуваат во Германија.  Тоа го покажуваат и бројките од институциите. Во првите осум месеци од 2017 година германската Сојузна агенција за работа издала 63.000 работни дозволи за работници од Западен Балкан, или 70% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Причината за ваквиот раст е специјалната регулатива за Западен Балкан, воведена на почетокот од 2016 година, пишува германскиот „Велт“. 

Кризата предизвикана од доаѓањето на голем број бегалци од Сирија и од Ирак уште тогаш беше влошена и со големиот број баратели на азил од Косово, Албанија, Македонија, Србија и БиХ, пишува германскиот весник.

Германија ги прогласи овие земји за земји со сигурно потекло, па мигрантите што доаѓаат од овие дестинации речиси немаат шанса да добијат азил.

Воведени се значителни олеснувања за работните мигранти од Западен Балкан: кој ќе поднесе сигурен доказ дека има понуда за конкретна работа во Германија, добива работна дозвола, при што не се бара доказ за квалификациите што ги поседува барателот.

Сојузната агенција за работа само проверува дали постојат домашни кандидати за конкретното работно место, но во четири од пет случаи дава зелено светло. Наспроти тоа, критериумите за гастарбајтерите од трети земји се многу строги.

Според сознанијата на Институтот за истражување на пазарот на труд и вработување, ИАБ, од Западен Балкан доаѓаат главно неквалификувани работници (47 %) и полуквалификувани (49,6 %) додека процентот на факултетски образовани работници и други стручни лица изнесува само 3,4 %.

Најмногу работни дозволи им се издаваат на работниците од градежништвото (скоро половината). Во угостителството побарувачката за работна сила од Балканот исто така е голема, но се бараат и негувателки, хигиеничари и градинари.

Работната виза трае сè додека лицето е работно ангажирано, а се предвидува луѓето да се вратат во своите земји откако ќе останат без ангажман. Мигрантите,  имаат право на социјални примања доколку работеле во Германија најмалку 12 месеци. Поради тоа, не е исклучено да останат во земјата и ако ја изгубат работата, пишува „Велт“.

Можеби ќе ве интересира

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!