ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ: Каде најмногу патуваат Македонците?
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017
Повеќе патници годинава имало на скопскиот и охридскиот аеродром.
Бројот на патници кои се превезени од двата аеродроми, во првите осум месеци од годинава се зголемил за 10,5% во споредба со лани. Вкупно, од земјава со авион се превезувале 1.339.065 патници, информираа од Министерството за транспорт и врски.
Најголем број од патниците патувале кон Истанбул (12,5 проценти), Цирих (9 проценти), Виена (6,6 проценти) и Базел (5,1 проценти).
„На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – август 2017 година регистрирани се вкупно 1.223.630 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1 108 157 патници, се забележува зголемување од 10,4%“ - објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.
Од „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога се превезени 113.431 патници, има раст 11, 6%.