Повеќе се плашат од невработеност отколку од тероризам
Објавено во: Финансии 28 Декември, 2016
Дури 56% од граѓаните во Европската Унија (ЕУ) сметаат дека животот на денешните деца и идните генерации ќе биде потежок од нивниот.
60% од нив сметаат дека ЕУ како проект не нуди перспектива.
Невработеноста ја гледаат како главен предизвик. Така се изјасниле 45%, а 36% сметаат дека голем проблем е социјалната нееднаквост и миграцискиот бран.
За 31% најважни се безбедноста и справувањето со тероризмот.
Шест од 10 испитаници сметаат дека мирот и слободата на мислење се најважни вредности на ЕУ.
55% велат дека тоа се еднаквост и солидарност, а 52% одговориле дека вредности на ЕУ се толеранција и отвореност кон другите.
Во истражувањето за иднината на Европа учествувале 27 768 испитаници.