20 Април, 2024
0.0431

Повеќе се троши струја за копање биткоин, отколку за домаќинствата

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Копањето биткоин но, и други форми на крипто и дигитални валути се повеќе се засилува мерено според потрошувачката на електрична енергија и ангажираниот компјутерски хардвер, најчесто моќни процесори како и напредни графички карти наменети за компјутерски гејминг, со што се повеќе се троши струја од расположливите ресурси.

Исланд наскоро ќе стане првата нација која повеќе троши електрична енергија токму за дигитално копање на криптовалути учествувајќи во технолошкиот процес наречен blockchain кој решава различни електронски задачи за да стигне до информацијата со која се добива вредност кај криптовалутата.

Достапноста на технологијата за копање криптовалути за секој со интернет конекција, технолошкиот авантуризам како и брзото прифаќање на нови уреди ги прави исланѓаните едни од најпосветените интеститори во blockchain каналите, но тоа веќе е и предизвик за енергетските компании.

Снори Сигурдсон од исландската енергетска компанија HS Orka тврди дека годинава во Исланд за копање биткоини ќе се потрошат 840 гигават/часови, а домаќинствата само 700 гигавати. 

Капацитетите на „производство“ на биткоини веќе се во драматични размери и ја надминуваат личната потрошувачка на електрична енергија на поединечните корисници и домаќинството што е фантастична количина на потрошени ресурси и зголемување на товарот врз самиот систем на пренос на струја.

Решението според експертите е да се подобри инфраструктурата на долг рок за што ќе бидат потребни дополнителни инвестиции, со цел да се спречат или намалат ризиците од можни енергетски кризи и рестрикции кога потрошувачката на струја ќе го достигне пикот, а тоа секако ќе има и одредени еколошки последици бидејќи енергијата не е стопроцентно произведена на „зелен“ начин.

Прашањето кое сега се поставува е дали ова е големиот обид да се докаже дека биткоинот и останатите крипто валути всушност не се мртви, туку дека се многу поотпорни на пазарните движења и ценовните флуктуации бидејќи не се платенжно средство во вистинската економска смисла на зборот, туку комодитет кој може да се поседува и да се заработува и од самата разлика во цена, интересот на пазарот за тргување и осигурувањето на депозитната инвестиција со поврат на капитал или негово засилување.

Затоа и најголемите крипто-милијардери кои имаат виртуелно богатство сега засега велат дека ова е вистинско време да се вложува во биткоин или слични валути бидејќи цените паднаа, но технологијата се повеќе ќе се етаблира и без неа не ќе може да функционира модерното дигитално економско опкружување.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ