19 Април, 2024
0.0329

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА ЗА ПИЛОТИ

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за Одбрана го објави новиот конкурс за обука на пилоти, што по 18 месеци тренинзи, 180 часови летање и 350 часови теоретска настава ќе се здобијат со титулата - пилот.

Големата заинтересираност за овие обуки ја потврдува и бројката на пријавени кандидати за отворениот ден организиран од страна на Центарот за обука на пилоти кој и оваа година ги отвора своите врати за потенцијалните кадети на 4 ноември, сабота од 11 часот кога заинтересираните ќе можат подетално да се информираат и да се запознаат со содржината на обуката.

Кандидатите што успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за пилоти.

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија не постари од 28 години, физички и психички здрави, со завршено високо образование со вкупно 180 ЕКТС кредити. Центарот за обука на пилоти ќе ги одбере најдобрите кандидати во кои 18 месеци ќе вложува интензивно за нивно стручно оспособување и усовршување за пилоти по родот авијација.

Селекцијата на кандидати се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на англискиот јазик за да ги следат обуките за усовршување и оспособување за идни пилоти.


Центарот за обука на пилотиспроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хеликоптери која е функционална во текот на целата година со која се лета преку 11 делегирани зони, а навигациски летови се одвиваат на територијата на цела Македонија.  Покрај тоа, центароте еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

За сите заинтересирани кандидати за отворениот ден на 4 ноември, обезбеден е и бесплатен превоз во 10.00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Пријавување за отворен ден на следниот линк: http://www.ptc-mk.com/

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: http://morm.gov.mk/?objavuvanje=конкурс-за-воени-пилоти


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година