Повлечени од продажба 1953 килограми ципирипи крем
Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2017
Инспектори на Министерството за земјоделие во соседна Србија забраниле во продажба и наложиле повлекување на 1.953 килограми какао крем производ и млечен крем производ на Нестле ципирипи, бидејќи парче гума паднало во производот.
„По известувањето на произведувачот на Нестле Адриатик д.о.о., Белград за утврдени неправилности во еден производ, присуство на парче гума во производот Мешавина на какао крем производ и млечен крем производ“, стои во соопштението на Министерството за земјоделие.
Се работи за пакување од 400 грама, производ кој е произведен на 4 јули оваа година, лиј лот е број 71856839 со датум на истек на рок до крајот на јули 2018 година.
„Потврдено е дека производот содржи адитиви, бидејќи парче гума паднало во производот. Исто така, констатирано е дека недостатоците се отстранети“, стои во соопштението.
Со решението на инспекторот е забранета продажбата на предметната серија и наредено е повлекување од промет на целата предметна серија (1.953 кг производи).
Нестле Адриатик д.о.о ја извсти јавноста по повод предметниот производ, за повлекување од продажба и повлекување на производот.