Повредени и блокирани рудари во Албанија
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2017
Во рудникот во Булќиза, Албанија вчера се повредени тројца рудари, кинески државјани.
Тие се пренесени во градската болница и се надвор од животна опасност.
Уште тројца други кинески рудари се блокирани во рудникот. Спасувачките екипи прават маскимални напори да ги извадат од окното.
Тие се ангажирани за отворање на новото окно во рудникот. Инвестицијата ја реализирала компанијата концесионер „Албхорм“, преку кинеската компанија „Wenzhou Mining Co Ltd“, специјализирана за таа цел.
Од албанското Министертвото за економија и индустрија, велат дека причина за несреќата е експлозија на гас.