Пожар беснееше близу „Казандол“
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Пожар синоќа изби над селото Чештово, на неколку километри од рудникот во изградба „Казандол“, обајви Радио МОФ.
Облак од чад вечерта по 20 часот имаше кон градот.
Ова е втор пожар во валандовско во рок од една недела. Минатата сабота голем пожар имаше кај месноста Култа каде гореше нискостеблеста шума.
Граѓаните денеска гласаат на референдум за отварање на рудникот „Казандол“.