Пожар во Лондон
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018
Вчеравечер избувна пожар во центарот на Лондон.
Полицијата соопшти дека при пожарот, кој избувна во зграда во фаза на реконструкција во близина на квартот Сохо, нема загинати или повредени лица.
Педесет пожарникари со десет противпожарни возила го локализираа пожарот, при тоа евакуирајќи ги луѓето од околните места поради опасноста од експлозија на плинските боци кои ги имало во зградата.
Причините за несреќата се непознати, истрагата е во тек.