ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ: Еве во кои делови на Македонија гори
Објавено во: Македонија 11 Август, 2017
Пожарите во Македонија не стивнуваат, иако дел од нив се локализирани.
Пожар има во струшкото село Богојци, а пожарот во близина на манастирот Трескавец кај Прилеп е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот кај тетовското село Гургурница и во гостиварското село Балиндол.
Гори и во околината на Тетово, Македонски Брод, Велес и Кавадарци. Над десетина активни пожари има во земјава со кои е зафатена ниско стеблеста шума, сува трева, смрека и даб. Активен е и пожарот на Бистра планина и кај Јасеновска глава.
Во сила е забраната за движење по шумите.
МВР ќе ги санкционира сите лица кои ќе постапат спротивно на законските одредби и намерно ќе предизвикаат пожари.