19 Април, 2024
0.0364

Позната причината за падот на воениот авион во Мјанмар

Објавено во: Свет 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Истрагата на воздухопловните власти на Мјанмар утврди дека главната причина за падот на воениот авион во кој загинаа 122 патници и членови на екипажот е големата бура во која влетал пилотот. Авионот минатиот месец се урна во Мјанмар, во Андамско Море, во Југоисточна Азија.

Авионот полетал од градот Мјелк, на крајниот југ на Мјанмар, кон главниот град Јангун. Најголем број од патниците биле воен персонал на мјанмарската армија и нивните семејства, меѓу кои имало и деца.

Според наодите на комисијата, пилотот на леталото ја загубил контролата, кога авионот влетал во густи облаци и силно невреме.

Бурата предизвикала да се создаде мраз на крилата од авионот и откажување на работата на еден од моторите.

При преслушувањето на „црната кутија“ истражните органи не откриле ништо сомнително, па заклучокот на комисијата е дека воениот авион не се урнал во морето поради саботажа, експлозија или проблеми со некој од четирите мотори.

Паднатиот авион е од кинеско производство.

Ова беше најголемата авионска несреќа во Мјанмар, каде последниве неколку години се регистрирани неколку авионски инциденти со трагични последици.

Медиумите во Јангун забележуваат дека иако во време на паѓањето на авионот, Мјанмар беше во период на монсуните, проследено со многу дожд и повремени бури, претходно немало извештаи за лошо време на трасата по која полетал воениот транспортер.

Авионски експерти засега немаат објаснување за постапката на пилотот кој влетал во бурата и густите облаци, наместо да ги одбегне, кога се знае дека радарите на авионите предупредуваат на таквите ситуации.


Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“