Практичните мисли на големите умови се патокази за успех во работата
Објавено во: Финансии 02 Мај, 2017
На работа не штедете се, ризикувајте, жртвувајте се, учете од сопствените грешки и продолжете да одите напред па ни успехот нема да изостане, а најважно е да работите со задоволство и волја.
Toчниот рецепт за бизнис успех не постои. Речиси сите сакаат да бидат успешни и имотни. Ако не бегате од напорната работа, кога изгледа дека трудот не се почитува доволно, туку напредуваат само оние кои поради нешто се слични. Но всушнот знаеме како не е баш се така. Секогаш имало неправди, но вложеното кога-тогаш се исплати. А добредојден е секој совет на искусните.
Великаните кои во човештвото придонеле со изуми, општествено дејство и мудрост ни оставиле толку своевремени мисли кои можат да ни помогнат подобро да размислуваме за бизнис светот.
Избери ја работата која ја сакаш па во животот нема да мораш да работиш ниту ден, запишал киескиот филозоф Конфучие.
Поуката е јасна. Тоа што некоја работа е добро платена не значи дека и треба да ја прифатите. Повеќе ќе уживате доколку на работа изберете занимање кое навистина ве интересира. Американскиот писател и хуморист Марк Твен, со чии дела многумина пораснале, извонредно ги познавал луѓето.
Неговиот совет е: „Држете се што подалеку од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите амбиции. Малку луѓе тоа често го прават, а тие навистина големите прават се за да вие се чуствувате како и вие можете да станете големи“.
На почетокот на кариерата посебно е важно да пронајдете добри ментори и да ги избегнете оние кои не веруваат во вас.
Без разлика дали се работи за шеф злоставувач или љубоморен соработник, нема причина да се депримирате поради нивните негативни мислења. Но на работа не штедете се. Некогаш грешите, а некогаш ќе успеете да направите и повеќе отколку што мислевте дека можете. Ризикувајте, жртвувајте се, учете од сопствените грешки и продолжете да одите напред. Успехот нема да изостане.
-Трудете се да дадете најдоброто од себе ако сакате да напредувате
-Да учите од грешки не е помалку важно од она да се успее од прва
-Работодавците не бараат само клонови, важна е иновативноста.
-Ќе бидете повеќе продуктивни ако сте одморени.