19 Април, 2024
0.0279

Прамен од косата на Мик Џегер е продаден за 6 илјади долари

Објавено во: Стил 05 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Парамен од косата на Мик Џегер е продаден  на аукција  за цена од 6 илјади долари, а купувачот сакал да остане анонимен. Косата на аукција ја дала поранешната девојка на Џегер, Криси Шримптон. Праменот коса заедно со ковертот на кој пишувало „Коса на Мик Џегер откако ја изми и потстрижи Крис на Роуз Хил Фарм", е продаден на наддавањето на кое се собирале пари за фондацијата „Changing Faces“, којашто работи со луѓе со оштетени лица . Во мај годинава, исто така, на аукција во Виена перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот собар како додаток на платата, беше продадено за 13.720 евра, што е триесет пати повеќе отколку што првично беше проценето. Во јуни 2010, година, пак, прамен коса на францускиот цар Наполеон, исечен на денот на неговата смрт, беше продаден е за 13 илјади американски долари на аукција во Нов Зеланд.      

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре