25 Април, 2024
0.0282

Пратениците го донесоа Буџетот за 2014 година

Објавено во: Финансии 20 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Со 67 гласа „за“ , а  26 „против“, пратениците го изгласаа Буџетот за 2014 година. По расправа од 5 дена, повеќе од 600 амандмани и жестока дебата, но без протести и бркање пратеници и новинари од собраниската сала, е донесен буџет во кој се проектира растот на БДП од 3,2 проценти и инфлацијата на 3,3 проценти. Идната година касата ќе тежи 2,86 милијарди евра или за седум отсто повеќе од годинава. Буџетот во 2014  ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализацијата на капиталните инвестиции, смета министерот за финансии Зоран Ставрески. Тој повтори дека ќе растат пензиите и социјална помош, но и субвенции од 140 милиони евра. „Сите овие факти покажуваат дека Владата посветува внимание на поддршка на сите граѓани од ранливи категории. Освен силната развојна, вклучуваме и димензија на социјална стабилност“, рече Ставрески пред пратениците. Дефицитот е утврден на 3,5 отсто. Ова ќе значи и ново задолжување од околу 300 милиони евра, што според Ставрески ќе се финансира од домашни и од странски извори. Додека тој го бранеше буџетот, од опозицијата  истакнаа дека е неразвоен,  нереален и дава можност за манипулирање и купување гласови пред избори. Тие потсетија на настаните од ланскиот 24 декември. „Добро е што дебатата траеше пет дена, колку што е предвидено за граѓаните да имаат шанса барем делумна да ги чујат двете спротиставените мислења, алтернативни концепти кога станува збор за трошењето на нивните средства“, забележа координаторот на СДСМ, Игор Ивановски.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка