28 Март, 2024
0.0323

Пратениците ќе бираат потпретседатели на Собранието

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Денес по двонеделно немање пленарни активности поради службени патувања на пратеници, собранискиот спикер Талат Џафери закажа две пленарни седници, а најавени се и неколку комисии. Собранието на Република Македонија ќе го одржи второто продолжение на 26.седница, а по неа и 34.седница. 

Пратениците во рамки на 34.седница ќе расправаат по предлог – изборот на потпретседатели на Собранието на РМ, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Ова ќе биде втор обид да се изберат потпретседателите откако претходниот обид пропадна по реакцијата на опозицијата дека точката била ставена на дневен ред во последен момент, а тие немале време да ја разгледаат, како што тогаш образложија од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците ќе расправаат и по предлог-законите за дополнување на Законот за судовите, за изменување и дополнување на законите за заштита на укажувачи, за народниот правобранител. Пратенците ќе ги разгледуваат и дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор, за Управата за јавни приходи, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за даночна постапка, за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка. Ќе бидат разгледани и предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на туризмот, за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

Законот за јазиците не е на дневен ред и се уште нема одлука како ќе се разгледуваат 35-те илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Со цел да не се блокира работата на собранието, неофицијално се чека политички договор меѓу партиите.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“