24 Април, 2024
0.0261

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да расправаат за разрешувањето на Зврлевски

Објавено во: Македонија 16 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Спикерот Талат Џафери попладнево ја прекина  седницата на која се расправаше за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски. 

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека пратениците на неговата партија и коалицијата „За подобра Македонија“, нема повеќе да учествуваат во постапката која сметаат дека е незаконска.

„Нашата цел е постигната, ние од самиот старт знаевме дека ова тесно мнозинство е одлучено да го разреши Зврлевски и немавме никаква дилема дека тоа е донесена политичка и партиска одлука од штабот на СДСМ, нити во одреден момент мислевме дека со дискусија ќе смениме мислење на овие 62 пратеници. Но, во исто време целата јавност дозна дека СДСМ е спремен грубо, дрско да крши закон и да крши најзначајно изборен закон и во оваа постапка, во Собранието, но и во сите други постапки во оваа држава“ – вели Димовски. 

Претходно беше објавен дописот од Антикорупциската комисија, според кој разрешувањето на Зврлевски е незаконско.

„Од денот на распишување на изборите , до завршување на избор на Претседател на Република Македонија, пратениците во Собранието, изборот на Влада, како и денот на распишување на избори, па се до завршување на изборите за градоначалниците и советите и нивно конституирање постои законска пречка да се разрешуваат и да се именуваат лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието, Владата или други институции кои вршат именувања и разрешувања“ – пишува во дописот. 

Според Џафери, дописот е нелегално дадено мислење, затоа што тој не го побарал тоа.

Џафери, на една од претходните седници кажа дека какво и да биде мислењето на антикорупционерите, тој нема да ја прекине седницата за разрешување на Зврлевски.

Дополнително треба да биде закажано продолжението на седницата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП