Пратеникот Ибрахим вели дека деновиве ќе има спикер и нова влада
Објавено во: Македонија 21 Април, 2017
За неколку дена ќе има претседател на Собранието, а наскоро и нова влада, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.
„Турците се оставени како во среден век. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се исплашени од правдата, преку блокадата на Собранието се обидуваат да се амнестираат“ - вели Ибрахим.
Тој рече дека во повеќе од еднодецениското владение на ВМРО-ДПМНЕ, деструктивната политика на оваа партија кон етничките заедници ги оштетила Турците, затоа што не се исполнила ниту половина од оптималната бројка вработени во администрација.