18 Април, 2024
0.0445

Правните грешки и застанаа на пат на иницијативата за породилно отсуство

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Поради правните грешки во поднесената иницијатива со која се бара пролонгирање на породилното отсуство, таа не помина во Собрание.

Законодавно-правната комисија во Собранието иницијативата им ја враќа на подносителите да ја доработат бидејќи се направени пропусти и истата е неуредна.

Речиси сите партии во Парламентот ја одобруваат иницијативата но потребно е недостатоци во однос на формата на поднесување на барањето од страна на граѓаните да се отстранат.

„Увидот во доставената документација покажува дека има сериозни недостатоци во однос на формата на поднесување на барањето од страна на граѓаните. Постапката е започната на 29 март 2016 година како барање за организирање референдум со референдумско прашање. Подолу во истото барање се бара измена на Закон за породилно отсуство. И во образецот за собирање потписи за иницијативата даден по записник на ДИК стои дека се бара менување на Закон за породилно отсуство“, појасни претседателот на комисијата Петре Шилегов.

И од ВМРО ДПМНЕ ја поддржаа иницијативата а Антонио Милошоски рече дека очекуваат постапката да заврши најдоцна до јули и да биде преточена во изгласано законско решение .

Максим Димитриевски посочи дека конкретното барање е лошо адресирано и насочено, спротивно на тоа што треба да биде. 

Предлогот на оваа иницијатива е породолното отсуство да се продолжи од 9 на 12 месеци за мајките кои ќе родат по едно дете, а за оние кои ќе родат близнаци или повеќе деца, породолното да трае 18 месеци.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух