29 Март, 2024
0.0249

ПРАЗНИЧНА ПРИКАЗНА СО МАЈА И ДАРКО ПАНЧЕВИ: Дарко ме караше кога бремена играв за Нова година

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Се запознале пред деветнаесет години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се родители на Надица која има 17 години, и 12 годишната Марија. „Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако сѐ се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, ни раскажа Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во МОБ за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“. За Женски Магазин, Маја и Дарко Панчеви се присетија на претходните славења на новогодишната ноќ, на златните времиња на ФК Вардар и Црвена ѕвезда, и ги открија своите планови и желби за Божиќ.

„Новогодишната ноќ ја славевме дома со најблиските, а си посакавме како и досега, здравје,љубов и среќа. Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирен, јас и на двете забави сѐ се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам“, се сеќава Маја на нејзините најдраги новогодишни забави.

Целата приказна читајте ја на Женски магазин, тука.