Празничната магија се негува со дарувањето
Објавено во: Мои пари 10 Јануари, 2017
Макпрогрес Виница заокружи уште една успешна календарска година исполнета со многу позитивни мигови за компанијата, вработените и потрошувачите.
Годината што измина ја одбележаа нови вкусови и производи од брендот Винчини, нови светски пазари на кои се пласираа производите на Макпрогрес, претставувања на интернационални саеми за храна, семинари за вработени и хуманитарни акции. Од година во година, како што расте компанијата, се зголемуваат и заложбите и целогодишните активности на Макпрогрес во заедницата.
Во претпразничниот период компанијата реализираше низа хуманитарни активности и донации, кои им донесоа радост најмногу на дечињата. Децата од повеќе училишни центри, здруженија и детски градинки добија новогодишни пакетчиња полни со вкусните слатки на Винчини.