Добивај вести на Viber
Рокот за поднесување годишни даночни пријави истекува в понеделник, а до сега до Управата за јавни приходи се поднесени околу 140 илјади пријави од граѓани за остварени дополнителни приходи минатата година.
УЈП одлучи да го продолжи рокот уште два дена, затоа што првично предвидениот краен датум 15 март се паѓа во сабота. Но, и со продолжувањето рокот е пред истек, а Управата очекува до понеделник да бидат поднесени околу 170 илјади пријави со оглед на тоа што голем дел од граѓаните го чекаат крајниот рок за да ја исполнат оваа обврска.
Над 1.000 граѓани својата даночна пријава ја поднеле по електронски пат.