19 Април, 2024
0.0260

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА ИЛИ РЕАЛНА ПРОГРАМА: Се дели надеж за лозарите!

Објавено во: Агробизнис 04 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија стана позната по предизборните ветувања на секоја една паритја.

Ова ќе направиме, ова ќе олесниме, од тоа ќе ве ослободиме, подобар пласман ќе добиете ...Ова се само дел од ветувањата кои на секои избори ги слушаме од политичарите кои се натпреваруваат во трката за фотелја.

Наскоро почнува бербата на грозје . На терен може да се забележат претставници и од владечката партија и од опозицијата.

Љупчо Николовски од СДСМ вчера од Кавадарци се сретна со дел од лозарите каде што вети сигурна година и извесен отуп на грозјето.

Николовски пред лозарите ја соопшти програмата на неговата матична партија. Доколку неговата партија, како што рече, ја преземе власта на наредните избори, ќе воведат зелена поевтина нафта за 50% која ќе се користи за земјоделската механизација, поевтини  вештачки ѓубрива и поквалитетни репроматеријали и сигурен откуп на грозјето.

Дополни дека цврсто се стојат зад системските решенија кои ги нудат.

Наспроти тоа министерот Цветков на лозарите им дал нови ветувања за нови промени на законите со кои ќе се подобри состојбата во овој сектор и ќе се решат проблемите на лозарите. Од ресорното министерство посочија дека откупот и годинава ќе се одвива без проблеми.

Во јули годинава лозарите најавуваа блокади поради неисплатените пари за ланското грозје.

„Се наближува нова берба, а се уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото грозје од винариите“ -раскажуваа тогаш лозарите.

Објаснуваат дека досега напразно барале помош од повеќе локални и државни институции. Се обратиле до МЗШВ, Министерството за финансии, градоначалниците на Неготино и Кавадарци и до пратениците од овој крај.

Исто така лозарите во август побараа да останат истите откупни цени како лани за килограм грозје.

„Винарите бараат  благо да падне цената на винското грозје. Сакаат да закинат една шеќерна единица или да се симне нејзината вредност. Поединечно за секој од нас тоа не е многу, но гледано во државни рамки, тоа се тешки пари, околу милион и 600 илјади евра. Ние стоиме на ставот да си останат ланските цени и ланските шеќерни единици“ – рече тогаш Аризанов.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари