29 Март, 2024
0.0262

Предлог-рецепти со Битолски путер за совршен семеен неделен ручек

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Вечната дилема на секое семејство во недела е што да се подготви за вкусен неделен ручек кога секој член од фамилијата е дома. Често се случува размислувањето, дискусијата, планирањето на оброкот, па и готвењето, да бидат понапорни отколку што е потребно. Поради тоа, доколку не знаете што да зготвите за следното неделно попладне, ние сме тука да ви помогнеме.

Изборот е разновиден и здрав за целото семејство. Започнуваме со путер чорба со карфиол како предјадење, каде што вкусот на новиот Битолски путер на Бимилк ќе ве воодушеви и нема да ве остави рамнодушни со секоја нова лажица. Чорбата ќе ни ја врати енергијата потрошена во текот на денот, а Битолскиот путер што е создаден од најквалитетни здрави суровини само ќе ни даде повод за уживање при секоја голтка.

Путер чорба со карфиол


Потребни состојки:

-  1 китка карфиол – околу 1 кг

-  1 лажица сол

-  40 гр Битолски путер

-  50 мл млеко

-  сол и црн бибер

-  1 лажица мешан зачин

-  1 јајце

Подготовка:

Најпрво го ситниме карфиолот на ситни цветови и го ставаме во 3 л сад. Полеваме со вода за да се покрие содржината и додаваме 1 лажица сол.

Го ставаме садот на оган и го оставаме да се вари десетина минути. Со постојано мешање, полека додаваме 40 мл млеко и 40 гр Битолски путер. Зачинуваме со 1 лажичка мешан зачин и сол и бибер по вкус. Го враќаме садот на средна температура и го оставаме да се вари петнаесетина минути со повремено промешување.

Во меѓувреме, настрана во сад го матиме јајцето и ги додаваме останатите 10 мл млеко. Добро изматената смеса полека ја тураме во садот во кој се вари карфиолот и постојано мешаме неколку минути. Го тргаме садот од оган и оставаме да се излади десетина минути.

Путер-чорбата е подготвена за сервирање!

За главно јадење препорачуваме пилешко филе чиј вкус ќе нè воодушеви и ќе нè остави без коментар. Новиот Битолски путер на Бимилк што е идеален за подготовка на секое домашно јадење ќе ги изненади сите домашни што до максимум ќе уживаат во вкусот на зачинетиот Битолски путер и пилешкото филе.

Пилешко филе со зачинет путер

Потребни состојки

-  800 гр пилешко филе

-  50 гр крупно исечкани печени бадеми

-  2-3 лажици масло

За прилогот од зеленчук

-  200 гр моркови

-  400 гр млада боранија

-  100 гр целер

-  1 лажица обарена пченка

За зачинетиот путер

-  100 гр Битолски путер

-  1 лажица мешан зачин

-  1 лажица ситно сечкан магданос

-  2 лажици сок од лимон

-  1 лажица изрендана кора од лимон

Подготовка

Најпрво на тивок оган го растопуваме Битолскиот путер и ги додаваме мешаниот зачин, магданосот, сокот од лимон и изренданата кора од лимон и оставаме да се излади на собна температура.

Зеленчукот добро го миеме и го ставаме во сад на оган за малку да се обари, околу 5-10 минути. Го процедуваме обарениот зеленчук и го оставаме настрана, на топло место.

Пилешкото филе го сечеме на ленти.

Во загреана тава на оган ги пропржуваме лентите пилешко филе додека малку не заруменат. Секоја од пропржените ленти ја премачкуваме со по една лажица од зачинетиот путер и пржиме уште 2-3 минути.

Со останатата смеса од зачинетиот путер го зачинуваме зеленчукот.

За крај, врз пржените пилешки ленти наросуваме сечкани бадеми и сервираме со прилогот од зеленчук и салата по желба.

За неделен десерт се одлучивме за вкусен ролат од кокос во чија подготовка се вклучува целото семејство. Вкусот на кокос измешан со прекрасните ноти на Битолски путер на Бимилк ќе нè вратат во минатото кога нашите баби приготвуваа вкусни домашни колачи и ролати.


Ролат од кокос

Потребни состојки

  1. Чоколадна смеса

-  400 гр мелени бисквити

-  200 гр мелени ореви

-  300 гр шеќер

-  300 мл млеко

-  2 лажици какао

-  100 гр чоколадо за готвење

  1. Бела смеса

-  250 гр Битолски путер на собна температура

-  250 гр шеќер во прав

-  200 гр кокос

-  2 ќесички ванилин шеќер

Подготовка:

Најпрво започнуваме со подготовката на чоколадната смеса. Во сад на оган, со постојано мешање ги ставаме млекото, чоколадото, какаото и шеќерот за да се растопат. Смесата со растопеното чоколадо ја тргаме од оган и ги додаваме мелените бисквити и ореви. Оставаме да се излади. Откако ќе се излади, ја развлекуваме смесата на хартија за печење во форма на правоаголник со дебелина од 1 цм.

Продолжуваме со подготовката на белата смеса. Во сад со миксер ги матиме Битолскиот путер, шеќерот, ванилиниот шеќер и кокосот. Добро соединетата смеса ја развлекуваме врз чоколадната смеса и мотаме ролат.

Ролатот го ставаме во фрижидер за да се олади малку.

Сечеме парчиња од 1 цм и ролатот е подготвен за сервирање.

Битолскиот путер со кој можеме да готвиме мал милион рецепти е одличен извор на енергија, природно богат со витамините А и Д што заедно со многуте хранливи состојки благотворно влијаат врз организмот.

Пријатен апетит!

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија