20 Април, 2024
0.0262

Предупредувачки фотографии: Австралија ги отстрани имињата од цигарите!

Објавено во: Свет 20 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во продавниците за цигари во Сиднеј, Австралија, кутиите за цигари никогаш досега не изгледале повознемирувачки. Многу поголемите предупредувања и фотографии од смртоносни ефекти од пушењето се дел од новиот закон за амбалажа кој стапи на сила од 1-ви декември во Австралија. Сите тутунски производи сега мора да се продаваат во исто пакување, во маслиново-кафеава амбалажа и без лого на производителот. Името ќе биде отпечатено со исти, но мали букви, а  Владата се надева дека фотографиите ќе ги згрозат младите кои нема да стекнат навика да пушат цигари. Но, не се сите убедени во тоа. Виктор кој е страствен пушач долги години вели: „Пакувањето за мене е само слики кои можете да ги најдете во кое било место и тоа не ми значи ништо. Искрено, јас всушност се обидувам да престананам со пушењето, но вистината е, единствената причина што јас обидувам да престанам да пушам е моето мало девојче“. И Тутунската индустрија остро лобираше против новиот закон. Тие се загрижени дека другите земји ќе го следат примерот на Австралија. Досега има само експериментални истражувања кои укажува дека новата кампања за амбалажа ќе биде ефективна. Но,министерката за здравство на Австралија Тања Плиберсек е решена да го намали користењето на тутун во Австралија кое сега изнесува 3,4 милиони пушачи. „Тоа единствениот легален производ, кој, ако се конзумира како што препорачува производителот веројатно ќе ги убие половина од своите редовни корисници. Доколку ги знаевме ефектите на тутунот  јас мислам дека никогаш немаше да го легализираме“, вели министерката Плиберсек. Според последните истражувања, тутунит е најголемиот причинител за рак во Австралија. Затоа, сликите кои за згрозувачки, отсега ќе предупредуваат на опасностите од пушењето. Еве како, од почетокот на декември,  изгледа  кутија цигари во Австралија!  

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато