Преку мобилниот е лоцирано каде бил Чавков на „крвавиот четврток“
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2017
Митко Чавков, раководител на оперативниот штаб, но и тогашен дирктор на БЈБ, за време на насилствaта на 27 април или „крвавиот четврток“ бил на стотина метри од Собранието.
Неговата локација ја одредиле три базни станици, објави телевизија Телма.
Неговиот мобилен телефон бил фатен на три базни станици и тоа на ВМРО, Алмако и италијанската амбасада, во триаголникот во центарот на Скопје.
Телма објави дека Чавков одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а на распит уште не бил повикан ниту во обвинителството.
Тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу го посочи како директен одговорен за насилството, затоа што во критичните моменти не му се јавувал на телефон.
Најголемиот дел од насилниците кои го предводеа нападот во Собранието на 27 април се идентификувани.