29 Март, 2024
0.0255

Преку смс ќе се плаќа паркинг во Центар

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

На барање на граѓаните, Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар од петок воведува нова услуга - дополнителен начин на плаќање на паркинг услугата со мобилен телефон, поточно со смс порака.

Како што информира денеска директорката на ЈП Паркинзи на општина Центар Маргарита Бакев потребно е граѓаните да пратат смс на телефонскиот број 14 14 14. Пораката треба да ја содржи зоната, празно место, регистарскиот број на автомобилот, празно место и времетраење на паркинзи.

- Новина е тоа што не е потребна порака за одјавување. Корисниците десет минути пред истекот на услугата паркирање ќе бидат известени со порака дека платената услуга истекува. Доколку сакаат да го продолжат паркирањето треба само да напишат смс со зоната и колку часа сакаат дополнително да се задржат, рече Бакев и додаде оти цената на смс порака е 5 денари, со вклучен ДДВ.

На новинарско прашање, Бакев одговори дека немаат загуба во претпријатието откако е воведен бесплатен паркинг во Центар.

- Можеме да кажеме дека се работи за неприбирање на планираните приходи од надомест на паркинг услугата од станарите, што реално нема финансиски да го оптовари претпријатието, рече Бакев.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија